Натпревар во креативно пишување
Имавте можност да ги погледнете десетте видеа за креативно пишување.
Дали ги направивте вежбите што Алекс и Барбара ви ги препорачаа? Дали започнавте да размислувате за вашата приказна? Ако е така, тогаш лесно ќе го совладате претстојниот предизвик и ќе ѝ обезбедите меѓународна читателска публика.
Натпревар во креативно пишување
за млади на возраст од 12 до 15 години
Би сакале да пишувате, но не знаете како да започнете? Дали низ главата ви минуваат зборови, пасуси, ликови и приказни, што би сакале да ги забележите на хартија? Дали би сакале да ги восхитувате и инспирирате вашите читатели? Ви нудиме можност да се запознаете со основите на креативното пишување, да научите корисни писателски вештини и да ги споделите вашите творби со читатели од вашата земја и од странство.
Годинава подготвивме нов предизвик за сите учесници во читателскиот натпревар на ГГ4А: 10 видео работилници за креативно пишување и е-брошура со практични вежби и упатства за млади автори. Но највозбудливиот дел од работилниците е натпреварот во пишување – најдобрите дела ќе бидат објавени во новата е-брошура.
Темата на овогодишниот конкурс е
СТРАВ
Сите се плашиме од нешто, но секој различно го доживува стравот.
Може да учествувате во натпреварот поединечно во три различни категории:
Поезија: може да испратите песна во одредена форма (на пример, сонета) или во слободен стих, со колку било стихови. Може да настапите со песна на конкурсот, но само доколку во неа е опфатена темата на конкурсот, а дозволено ви е да ја поправите и да ја доработите заедно со жирито.
Извадок од дневник: може да настапите со еден или со повеќе извадоци од вашиот дневник, каде основниот мотив или тема е стравот. Должината на извадокот не треба да надминува 5000 карактери со белини. Исто така, може да доставите и кус текст создаден специјално за ова натпреварување доколку е посветен на темата страв. Како и во претходната категорија, дозволено е преработување на делото по совет на жири комисијата.
Кус расказ: може да се настапи и со кус расказ, доколку во него меѓу другото се зборува и за стравот. Можеби стравот има различен ефект врз вашите ликови, нивните меѓусебни односи или пак врз нараторот. Тука треба да се држиме до принципот: покажи, не раскажувај! (Дознајте повеќе за овој принцип во видеата.) Кусата приказна не треба да содржи повеќе од 10 000 карактери со белини.
Како да станете учесник?
Доставете ги вашите творби до 30 Април 2025 година на порталот Moodle, на местото одредено за тоа или на skaznuvalka@gmail.com и преку формуларот на Google овде.
Што добиваат победниците?
Победниците ќе бидат прогласени од стручна комисија. Резултатите ќе бидат објавени на 1 Јуни 2025 година.
Победниците во сите категории ќе бидат наградени со книга и нивните дела ќе бидат објавени во е-брошурата, во која ќе бидат вклучени творбите на учесници од сите земји во европскиот проект ГГ4А и ќе бидат објавени на веб-страниците на издавачките куќи Заложба Малинц, КУД Содобност Интернашнал (Словенија), Алберданија (Шпанија), Сказнувалка (Северна Македонија) и Тринта пор уна лиња (Португалија), како и на сајтот на проектот на ЕУ порталот. Членовите на жири комисијата имаат право да изберат неколку квалитетни дела за објавување по нивно убедување.
Покажете храброст и соочете се со вашите стравови преку пишаниот збор. Вашата приказна може да ги инспирира и другите!