Проект за читање GG4A

Подигнување на читателската писменост и запознавање со другите култури

Проектот за поттикнување на читањето GG4A го осмисли издавачката куќа „Малинц“, во соработка со КУД „Содобност интернационал“, врз основа на нивното долгогодишно искуство во реализирањето ваков вид проекти. Проектот е замислен како натпревар во читање, со примеси на гејмификација, и се обидува да воспостави врска меѓу литературата и онлајн-медиумите. На овој начин се подигнува и читателската писменост, а во исто време, се промовира и  меѓукултурното разбирање и толеранција, преку избор на книги од различни литератури. Проектот е наменет за ученици на возраст од 13 до 15 години.

Дигитални вештини  и меѓугенерациски дијалог

Обучувачите што ќе учествуваат во проектот, ќе ја споделуваат љубовта кон читањето и книгите со своите ученици, кои, пак, ќе им помагаат да научат како да користат дигитални алатки. Проектот целосно ќе се одвива на платформата Мудл. На платформата може да пристапат и ученици и тутори преку компјутер или телефон со специјална е-адреса, со што се осигурува безбедноста на сите учесници. Меѓугенерациската соработка меѓу менторите и учениците ќе ја подигне дигиталната писменост на повисоко ниво.

Критичко читање, игри и атрактивни наградиe

Овој проект за поттикнување на читањето е дизајниран во натпреварувачки дух. Учениците се натпреваруваат во групи по тројца и секој тим избира свој прекар. Целта на натпреварот е тимовите да ги решат загатките поврзани со книгите, постепено откривајќи ги насловите на прочитаните книги во проектот и покажувајќи дека делото го прочитале и го разбрале. Победува тимот што ќе ги постигне сите цели на најбрз, најкреативен и најуспешен начин, и ќе освои најголем број поени. Тимот што ќе освои најголем број поени оди на патување со својот ментор.