Упатство за употреба – платформата Moodle
- Проектот „ГГ4А“ ја користи платформата Moodle, а учесниците се натпреваруваат во тимови од тројца. Секој тим треба да има своја адреса за е-пошта за да се најави на платформата. Ви препорачуваме да креирате адреса за е-пошта на Gmail специјално за оваа пригода.
- Секој тим си бира прекар и заедно со менторот пополнува формулар за учество во проектот. Секој тим мора да се пријави за да учествува во проектот. По пријавувањето, тимот се најавува на платформата Moodle.
- Откако ќе го пополните формуларот за учество, ќе добиете (на адресата за е-пошта наведена во формуларот) покана и упатство за пријавување.
Како да се пријавите на платформата Moodle
Како да се пријавите за Книжевната авантура
Како да изберете аватар
Како да прикачите видео
Како да се пријавите на платформата Moodle
Внесете https://reading.gg4a.eu на вашиот пребарувач (Firefox, Google Chrome, Safari…). Ќе се отвори веб-страницата на проектот на платформата Moodle.

Во горниот лев агол ќе видите два таба: Упатство за корисници (тука можете да ги најдете упатствата) и Избери аватар. Овде можете да изберете аватар од понудените, да го преземете и да го зачувате на компјутерот, за да го додадете на профилот по пријавувањето.
Во горниот десен агол ќе го видите табот Најави се. Кликнете на Најави се во горниот десен агол. Ќе се отвори прозорец за најава

Ако влегувате првпат на порталот, одберете Креирај нова сметка. Ќе се отвори нов прозорец.

Треба да си смислите лозинка, да ја внесете адресата за е-пошта (што претходно ја создадовте за оваа намена), да го внесете името на вашиот тим под „Име“, а името на вашето училиште без цртички и празни места под „Презиме“ (на пр.: ООУНевенаГеоргиеваДуња). Одберете ја вашата земја од менито и потоа притиснете Креирај нова сметка.
Ќе бидете пренасочени на страница со следнава порака

Одберете Продолжи.
На адресата за е-пошта што ја наведовте при пријавувањето ќе ја добиете следнава порака:

Откако ќе кликнете на линкот, со што ќе го потврдите пријавувањето, ќе ја добиете следнава порака:

Пријавувањето е завршено. Следниот чекор е да се пријавите за Книжевната авантура.
Како да се пријавите за Книжевната авантура
Најавете се на платформата со корисничкото име и со лозинката што ги создадовте во претходниот чекор. Откако ќе ги внесете корисничкото име и лозинката, ќе бидете пренасочени на контролната табла на платформата, која изгледа вака:

За да се најавите на Книжевната авантура, треба да кликнете Дома во горниот лев агол и ќе ви се појави следнава слика:

Одберете Книжевна авантура. Ќе се појави поле за пријавување.

Во полето Шифра за зачленување, внесете ја шифрата што ја добивте од вашите наставници/ментори и кликнете Влез. И ќе ви биде овозможен пристапот.

Книжевната авантура ќе се појави во секцијата Мои курсеви.

Со ова завршува процесот на пријавување.
Упатства за прикачување видеа на YouTube
Прво, направете ваш YouTube канал.
Внесете ја веб-страницата https://www.youtube.com во вашиот прелистувач и кликнете „Најави се“ во горниот десен дел.

Внесете ја адресата на е-пошта на Gmail што ја создадовте за вашиот тим и притиснете „Понатаму“.

Внесете ја лозинката и повторно притиснете „Понатаму“.

Притиснете на „Не сега“ и ќе ви се појави страница слична на следнава:

Ако сте успешно најавени на YouTube, во обоениот круг во горниот десен агол ќе ви се покаже буква (вообичаено првата буква од името на вашиот тим).
Сега можете да прикачите видео притискајќи ја стрелката што покажува нагоре или притискајќи го симболот со камера и плус во средината. На овој начин ќе креирате и ваш канал.

Можете да изберете име на каналот, внесете го во полето „Име“ (а можете да оставите сè како што е). Притиснете на „Креирај канал’. Потоа одберете „Креирај“.
Ќе се појави прозорец во кој можете да го повлечете видеото што сакате да го прикачите, а можете да го прикачите со кликнување на „Избери документ“ и пребарување и одбирање на документот (видеото) од вашиот компјутер.

Кога ќе го повлечете документот/видеото во прозорецот или ќе го изберете од вашиот компјутер, се појави сликата подолу. Овде мора да го внесете насловот на видеото во полето „Наслов“ и да напишете опис во „Опис“. Потоа кликнете на „Понатаму“.

Можете да додадете детали подолу. Пред да притиснете на „Понатаму“, задолжително наведете дали содржината е за деца или не (како што е прикажано на сликата подолу). Означете дека видеото е наменето за деца.

Откако ќе наведете дали видеото е соодветно за деца или не и ќе одберете „Понатаму“, ќе ви се појави следново:

Овде не треба да правите ништо, само одберете „Понатаму“. Ќе се појави следново:

Ако повторно кликнете „Понатаму“, ќе ви се појави следната слика. Тука е важно да изберете „Ненаведено“. Десно, под видеото, е линкот до видеото. Ова е линкот што треба да го ископирате и да го залепите на Moodle на местото означено за одговор.

Кога ќе завршите, одберете „Зачувај“ и ќе ви се појави следната слика.

Друга опција е да го ископирате линкот со видеото тука. За да завршите со прикачувањето на видеото, притиснете на „Затвори“.
Сега видеото е на вашиот канал. За да прикачувате нови видеа во кое било време, одберете „Креирај“ и потоа „Прикачи видео“ во горниот десен агол.
