Учесници во проектот

Издавачка куќа „Малинц“

„Малинц“ е издавачка куќа што од 2012 година издава квалитетна литература за млади, притоа придонесувајќи кон збогатување на литературната разновидност. Фокусирана е на објавување автори од шпанското говорно подрачје и малцински литератури поврзани со шпанската култура, главно баскиски, каталонски и галициски автори. Објавува и дела од помалку познати европски и светски книжевности. Го применува академското знаење во практиката преку проекти што ја промовираат литературата и го будат интересот кон читањето: спроведува проекти за поттикнување на читателските навики, врши обуки за тутори за читање, литературни читања и посети на странски автори. На овој начин издавачката куќа „Малинц“ ја подигнува општата читателска култура, ги доближува туѓите култури и јазици до читателите и ги има предвид ранливите групи, особено луѓето со дислексија.

Веб-страница: www.malinc.si

КУД „Содобност“

КУД „Содобност интернационал“ издава висококвалитетни, внимателно избрани дела, вклучувајќи неколку наградувани и номинирани книги од домашни и од странски автори. Нивните изданија нудат избрана проза, поезија, есеи и одлична литература за млади и за деца.

Веб-страница: https://www.sodobnost.com

Сказнувалка

„Сказнувалка“ е мала издавачка куќа, која се стреми да придонесе за развој и за интелектуално збогатување на децата преку текстови и илустрации што ќе ја разбудат нивната имагинација и визуелна чувствителност, ќе им ја поттикнат емпатијата и ќе им понудат различни перспективи и алатки да изградат вистинска имагинација при формирање на сопствените ставови. Визијата на издавачката куќа е да објавува квалитетна литература од најдобрите домашни и меѓународни уметници и автори, со цел децата да уживаат во читањето и во визуелното искуство. Издавачката куќа верува во трансформативната моќ на читањето, на текстуалните и на визуелните пораки, и смета дека читањето од најрана возраст го збогатува животот, ја поттикнува креативноста и сочувствителноста, притоа овозможувајќи развој – интелектуално и севкупно, како хумани битија.

Веб-страница: https://skaznuvalka.mk/

Тринта-пор-ума-линха

„ Тринта-пор-ума-линха“ е уреднички проект, особено (но, не исклучиво) посветен на литература за деца и за млади. Својата работа ја насочува кон објавување квалитетни книжевни проекти, критички студии од областа на литературата за деца и млади, и студии од областа на образованието, со цел да придонесе кон литературно (оформување на читателскиот вкус), културно (комбинирање на традицијата и иновациите) и естетско образование (нагласувајќи ги емоциите и задоволството) на читателите – млади и стари. Издавачката куќа се залага за општествено одговорно издаваштво, го поттикнува објавувањето на содржини насочени против неписменоста во сите нејзини облици. „ Тринта-пор-ума-линха“ има и две едиции: Бусилис (Busílis), посветена на литературата за возрасни и Тропелијас и компанија (Tropelias & Companhia), посветена на студиите за литературата, образованието и уметноста за деца и за млади.

Веб-страница: https://www.trintaporumalinha.com/

Издавачка куќа „Алберданија“

Издавачката куќа „Алберданија“ е основана во 1993 година. Оттогаш својот развој го заснова на еден основен столб: објавување квалитетна литература на баскиски и на шпански јазик.

Веб-страница: https://www.alberdania.net/es/editorial-alberdania/