За училиштата

Со еден удар, три муви:
Одлични книги, добро друштво и онлајн-креативност

ОД ШТО СЕ СОСТОИ ПРОЕКТОТ?

Проектот е замислен како натпревар и се одвива онлајн. Ученици (по тројца во тим) ќе читаат четири книги за тинејџери со врвен квалитет. Насловите на книгите не им ги откриваме, бидејќи ќе треба да ги погодат решавајќи загатки . Целта на натпреварот е тимовите точно да ги решат загатките, постепено да ги откриваат насловите на книгите што ги читаат и да покажат дека навистина ги прочитале. Точното решавање на загатките носи поени, а тимовите што ќе покажат оригиналност и креативност ќе добијат најмногу поени. Победува тимот што ќе ги совлада сите предизвици и ќе освои најмногу поени.

КАКО МОЖЕТЕ ДА УЧЕСТВУВАТЕ?

Натпреварот за читање, кој ќе биде централна активност на овој проект, ќе се одвива на порталот Moodle што се користи во целиот свет. Натпреварот се одвива во средина што е безбедна, затворена и со пристап ограничен само за учесниците во проектот. Секој ученик избира свое корисничко име и се најавува на порталот Moodle, следејќи ги претходно испратените упатства до учесниците. Потоа на порталот го избираат својот лик со специјални моќи, се зафаќаат со предизвиците од книгите и се обидуваат да му помогнат на својот тим да победи.

ЌЕ ИМА ЛИ НАГРАДИ?

Победничкиот тим ќе ќе добие одлични книги и други книжевни награди.

КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ И КОИ СЕ УСЛОВИТЕ ЗА УЧЕСТВО?

Ако одлучите да учествувате во проектот, тогаш се согласувате да ја придружувате вашата група на патувањето или да обезбедите придружник во случај на победа на натпреварот. За да учествувате во проектот ќе ви треба компјутер со интернет-конекција или паметен телефон (андроид, iPhone) и ќе мора да ги купите сите четири книги на кои ќе работите оваа година.

Две групи (т. е. шест ученици) можат да учествуваат со нарачување еден комплет книги. Еден комплет чини 1600 денари, а секој следен комплет ќе може да се нарача со 50 % попуст.

Со пријавата за учество се согласувате да ја чувате тајната за насловите на книгите вклучени во проектот и да не ги споделувате со никого. Ве покануваме да ни се придружите! Ве молиме пополнете ја онлајн-пријавата, која можете да ја најдете на веб-страницата www.gg4a.eu.

За повеќе информации ве молиме контактирајте со нас на skaznuvalka@gmail.com.

Рокот за пријавување е отворен до 11 декември 2024 година.